На 04.11.2020 во 23.00 часот било пријaвено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица се случила сообраќајна нeзгода помеѓу мотоцикл, со струмички регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Куклиш и патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(20) од Струмица, информираат од МВР.
Во нeзгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повpeди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Струмица.