Уапceн yбиeцот на Мартин Нешковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бегалецот Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски е фатен денес во Софија, дознава МКД.мк од свои извори. Според првичните информации, поранешниот специјалец Спасов е фатен околу 15 часот.

БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ГО ФАТИ ОСУДЕНИОТ ЗА УБИСТВО
Ексклузивно: Бегалецот Игор Спасов уапсен попладнево во Софија
Бегалецот Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски е фатен денес во Софија, дознава МКД.мк од свои извори. Според првичните информации, поранешниот специјалец Спасов е фатен околу 15 часот. Денес МКД.мк објави дека од бегството на Спасов помина повеќе од една година и ги објавивме изјавите кои по неговото бегство ги дадоа премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и дека наидовме на молк од Обвинителството.

По апсењето од бугарската полиција, Спасов ќе биде во екстрадициски притвор, а македонското Министерство за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција.

Тоа значи дека на бугарските правосудни органи ќе треба да им бидат испратени сите докази и пресудата за убиството на Мартин Нешковски, за кое Спасов доби казна од 14 години затвор.
Со медицинската документација што ја поднесуваше до судот од август, 2018 година, а оттаму ја прифаќаат, Спасов веќе втора година со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќа во затворската ќелија во најголемиот затвор во земјава.

Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но тоа не се случи. Наместо тоа, тој побегна.
оранешен припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This