УЧК БОРЕЦОТ ТРОШИ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА:Градоначалникот на Кичево, Дехари, потрошил голема сума пари за тоалетна хартија, за пијалоци и чоколади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалите во општина Кичево не запираат. Парите на оваа општина од градоначалникот Фатмир Дехари и неговата “тајфа” се трошат залудно, а не во интерес на граѓаните за што се избрани да работат, пишува порталот на албански јазик Журнал.мк

Според порталот, скандалот што неодамна ги потресе “темелите” на општина Кичево, има врска со голема сума на пари потрошени од оваа општина за хигиенски производи (тоалетна хартија) и слични работи.

Потпирајќи се на официјален документ за јавни набавки на Општина Кичево, кој го поседува Журнал, јасно се гледа како општина Кичево има потрошено големи средства за тоалетна хартија.

-Само фирмата „Сењак“ од Кичево за снабдување на општината со храна, пијалоци и хигиенски производи добила 99,677.56 евра во три последователни добиени тендери во рок од 2 септември 2013 година до 15 декември 2014 година, објави Журнал.

Градоначалникот на Кичево, Дехари, потрошил голема сума пари не само за тоалетна хартија, туку и за пијалоци и чоколади.

-Така што од 13 јануари 2017 година до 26 декември 2017 година, фирмата “Дукла” ја снабдувала администрацијата на градоначалникот Дехари со пијалоци и прехранбени производи во вредност од 39,693.24 евра. Од друга страна потсетуваме дека претседателот Дехари во горенаведените периоди се жалеше дека општината нема доволно количество на нафта за затоплување на училишта во оваа општина, а од друга страна за (WC) тоалетна хартија, пијалоци и чоколадо потрошил околу 150 илјади евра. Значи, господине Дехари што е најважно, едукација на децата и интересите на граѓаните на Кичево или (WC) тоалетна хартија и чоколадо, пишува албанскиот портал.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This