УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ПА СРЕБРЕНА СВАДБА: Тања и Предраг пpoславија 24 години брак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денот на верата, надежта, љубовта и нивната мајка Софија стапиле во брак Лидија Кочовска и Предраг Павловски. Денес тие одбележуваат 24 години брак.

Се познавале уште од студентските денови, но бидејќи во тој период и двајцата имале долги врски не обрнувале многу внимание еден на друг. Во 1994 година на покана на Љубомир Чадиковски познатата актерка и пејачка почнала со работа во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци во ансамблот дошол и Павловски.

Плод на нивната љубов е ќерката Нела која има 23 години.

За годишнината Кочовска се пофали на својот фејсбук профил.

Шармантната актерска но и брачна двојка и покрај својата духовитост и непосредност, ретко споделуваат приватни моменти од својот живот, на социјалните мрежи.

Оние најблиските и оние што добро ги познаваат знаат дека Тања од првиот брак со исто така актерот Владимир Ендровски – Љац го има синот Александар, додека од бракот со Предраг ја имаат ќерката Нела. Тања неодамна објави семејна фотографијата на која актерската двојка е заедно со децата, па на фотографијата не се актерска двојка, туку всушност актерска тројка, зашто и Нела е на пат да стане глумица.

Нела има 22 години и тргна по стапките на своите родители, па таа е студент на ФДУ. Александар има 28 години и завршил факултет за туризам.

„Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха.

Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“ – ќе изјави Тања за своите деца во едно неодамнешно интервју за македонските портали.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This