- Advertisement -
Со 412 гласа, 136 против и 30 воздржани, Европскиот Парламент изгласа Резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.
Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори, со оглед на тоа што обете држави направија значителни напори за исполнување на европските барања“.