ФИНАНСИСКИ МАЛВЕЗАЦИИ ВО ДУИ: Ревизорите утврдиле недоследности во финансискиот извештај на ДУИ за кампањата во 2016 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финалниот ревизорски извештај утврдил злоупотреба на финансиските донации кои ги примила партијата ДУИ, а како што стои во заклучокот, партијата примила повеќе донации отколку што пријавила, со што финансиските извештаи кои законски мора да бидат објавени на веб страницата на партијата не одговараат со фактичката ситуација

 

Ревизорите констатирале дека ДУИ не ги објавила на нејзината веб-страница финансиските извештаи со спецификација за трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за времетраење на изборната кампања. Поточно, тие утврдиле дека вкупните приходи и расходи во извештајот на интегративците не се прикажани целосно, реално и објективно.

„Приходите и расходите се прикажани во помал износ од 150.000 денари поради неевидентирана донација од едно физичко лице. Вкупните расходи, пак, се прикажани во помал износ од 4.717.000 денари поради неизкажани расходи за користење на рекламни рекламни услуги-билборди, кои до периодот на затворање на трансакциската сметка не се платени“, стои во извештајот на ревизроите.

Исто така, ДЗР утврдил дека партијата примила донации од физички лица во поголем износ од законски пропишаниот. Како што нагласува ревизорот, согласно член 83, став 2 од Изборниот законик, донациите за политичките партии за време на изборна кампања се лимитрани на 3.000 евра за физички лица и 30.000 евра за правни лица во денарска противвредност.

„Во периодот од 11.11.2016 до 03.03.2017 година учесникот во изборната кампања добил донации од физички лица чиј поединечен износ го надминува законскиот лимит. Вкупниот износ на повеќе донирани средства е 500.000 денари и тие не се префрлени во корист на Буџетот на РМ што има за ефект финансирање на изборната кампања спротивно на одредбите на Изборниот законик“, наведува ревизорот.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This