Шпанската полиција уапси неколку членови на „Шкаљарскиот клан“ под сомнение дека криумчареле наркотици.
Во акцијата на Канарските острови, меѓу осомничените се пронајдени 400 килограми кокаин, како и половина милион евра во готово, за кои постои сомневање дека се стекнати преку трговија со дрога, јавуваат локалните медиуми.
![This image has an empty alt attribute; its file name is droga-skaljarski-klan-2.jpg](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/08/droga-skaljarski-klan-2.jpg)
Уапсени се четири лица, а медиумите пренесуваат дека меѓу нив е и еден од водачите на бандата крадци на накит „Пинк Пантер“.
Видео може да погледнете ТУКА.
Полицијата соопшти дека членовите на кланот на Канарските Острови изнајмуваат вили во луксузни населби, од каде наводно им делеле дрога на локалните банди.
Запленети се и едно возило, јахта, 12 шифрирани телефони, неколку електронски уреди …
Објава може да погледнете ТУКА.
Се наведува дека Европол, аташеата од шпанската амбасада во Србија, како и црногорската и албанската полиција соработувале за време на истрагата што претходела на акцијата за апсење.