“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со претстојните локални избори во Република Македонија, кои ќе се одржат на 17-ти октомври 2021-ва година.
Резултатите од анкетата, во делот за Бутел, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
За него се изјасниле дека ќе гласаат 26.8% од испитаните граѓани.
![](https://kurir.mk/wp-content/uploads/2021/09/butel-anketa.jpg)
Зад него е кандидатот на СДСМ, Велимир Смилевски за кој довербата ја дале 23,8% од граѓаните.