Денеска (18 август) околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41) од Скопје.
При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана.
Против четириесет и едногодишниот скопјанец во текот на утрешниот ден ќе биде изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик, а со која ќе биде изведен пред судија во претодна постапка на Основниот суд Гостивар.
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/08/marihuana-skopjanec-1-498x1024.jpg)
![](https://infomax.mk/wp/wp-content/uploads/2021/08/marihuana-skopjanec-2-498x1024.jpg)