- Advertisement -
Синоќа некаде после полноќ, на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во близина на паркот во Чаир се случила страшна сообраќајка во која учествувале 3 автомобили марки Мазда, Мерцедес и БМВ.
Сообраќајот бил во прекин, а на местото на несреќата дошло и возило на Брзата помош.
МВР за КУРИР открива дека во сообраќајната несреќа 7 лица се здобиле со телесни повреди од кои меѓу нив 3ца малолетници. Сите се пуштени на домашно лекување.