Попладнево се врати македонската фудбалска репрезентација од дебитантскиот настап на Европско првенство и беше пречекана од голем број навивачи на аеродромот во Скопје.
Екипата на Инфомакс ги пречека македонските херои на аеродромот, а уредникот на Инфомакс, Александар Митовски направи неколку фотографии со нашите репрезентативци.
Фотографиите заедно со за него најважната поука од големиот успех на репрезентацијата тој ја објави на Фејсбук.
-Запишани во Македонската колективна историја.
Ви Благодариме.
*п.с. Замислете како ќе изгледаше државата ако политичарите го имаа овој тимски дух. Почитта еден кон друг, и љубовта кон дресот, наместо кон парите, пишува Митовски на Фејсбук.