Фрчат кривични во Прилеп, вклучувајќи го и екс градоначалникот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР поднесе повеќе кривични пријави, меѓу кои и за злоупотреба на службената положба на поранешниот прилепски градоначалник Марјан Ристески во случај за фаворизирање на фирмата Пела Транс од страна на општината за повеќе јавни набавки.

Ристески се сомничи дека во својство на одговорно лице, градоначалник на општината, ѝ овозможил на фирмата ДООЕЛ „Пела Транс” од село Мажучиште, прилепско, да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, пари од буџетот на Општина Прилеп со тоа што создал услови тие да бидат единствен понудувач и избрана фирма за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општина Прилеп.

Полицијата поднесе кривична пријава и против сопственикот на фирмата М.С. (59) за злоупотреба на постапка за јавен повик.

Пријавената фирма спротивно на Законот за јавни набавки не можела да учествува на јавните набавки поради неплатени обврски за даноци и нивно несервисирање по склучени договори за одложено плаќање. Сепак, сопственикот и управител на фирмата поднесувал лажна документација, меѓу другото и уверение за платени даноци и придонеси. Според МВР, тоа го правел во договор со членовите на Комисијата за јавни набавки И. К (63), Љ.М. (58) и И. Ч (67), кои пак, на тие позиции биле назначени од ексградоначалникот Ристески. Тие биле присутни во сите случаи на евалуација и одлучување при секоја постапка за јавна набавка во периодот од 2012 до 2017 година.

Членовите на Комисијата никогаш не побарале од „Пела Транс“ да достави оригинално уверение за платени даноци и придонеси, нити по службена должност не побарале од УЈП да ја потврди фактичката состојба. Пријавената фирма во тој период била и на листата на должници на УЈП. Во билансот на состојбата од 2011 година бил наведен долг од 7 милиони денари.

Од МВР соопштија дека членовите на Комисијата овозможиле во тендерската документација да бидат поставени услови кои ја фаворизирале фирмата со тоа што поставиле економски и технички параметри што само таа ги исполнувала.

Сите фирми со кои „Пела Транс“ соработувала не се појавувале како понудувачи во јавните набавки, а во постапките други фирми воопшто не биле ни поканувани.

Полицијата го товари и надзорниот инженер Б.Н. за злоупотреба на службената положба зашто не вршел споредба на позициите искажани во одредените ситуации со оние во градежниот дневник.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This