ХАОС ВО СКОПСКИ МАРКЕТ: Бабата крадела, внуците рушеле полици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15,30 часот во полициската станица во Чаир, вработена во маркетот на „Жито“ на пазарот во Бутел на ул.Бутелска, пријавила дека околу 11,00 часот, додека се наоѓала во канцеларијата на маркетот со  Н.Х., која претходно била фатена како краде одредени производи од маркетот, и со која разговарала кажувајки и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, во маркетот влегле две машки лица.

policijagolema11

Истите, од кои едниот и бил внук, претходно биле телефонски повикани од Н.Х. По влегувањето во маркетот тие почнале да им се закануваат на Б.Д. и на останатите вработени, а воедно и да фрлаат производи од полиците, на што им се приклучила и НХ., со што предизвикале страв и чувство на несигурност кај присутните.

Целиот хаос се смирил по интервенција на обезбедувањето и други лица во маркетот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This