ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СО ДЕМАНТ: Ниту Јанчев, ниту Рангелова ќе бидат разрешени на попладневниот состанок на ИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски категорично ги демантира информациите дека попладнево на седница на Извршниот комитет ќе бидат разрешени потпретседателот, Митко Јанчев и претседателката на Унијата на жените, Даниела Рангелова.

 

Лидерот на опозициската партија за „Плусинфо“ оценува дека станува збор за шпекулации зготвени во кујната на социјалдемократите и јалов обид за дефокусирање на македонската јавност од суштинските проблеми во државата и од фактот дека референдумот беше неуспешен, при што додава дека СДСМ по неуспешниот референдум, наместо да одговори како беа уфрлени повеќе од 35.000 гласачки ливчиња, продолжуваат со дезинформирање на јавноста и оцрнување на опозициската партија.

-Најостро демантирам дека на седница на Извршниот комитет ќе се случи какво било разрешување во партијата. Ниту сум помисил, ниту планирам да има такво нешто. Јас ги разбирам СДСМ и луѓето околу нив и јасни ми се нивните намери и што сакаат да постигнат со вакви шпекулации и класични дезинформации насочени, пред сѐ, кон ВМРО–ДПМНЕ. Ние се подготвуваме за избори и немаме намера да се занимаваме со шпекулации на кујната на СДСМ по неуспешниот референдум, вели Мицкоски и додава дека станува збор за редовна седница на Извршниот комитет на која партијата планира да ги заокружи подготовките за претстојните предвремени парламентарни избори.

Претседателот на ВМРО–ДПМНЕ ги демантира и пишувањата во медиумите дека наводно барањето за разрешувањето на Јанчев и на Рангелова било стокмено токму по негова директива, а поради несогласувања околу партиската одлука секој да постапи по свое убедување на референдумот.

-Јас како претседател и како човек во ниту еден момент не сум помислил на такво нешто. Со Јанчев имам добра комуникација, токму утрово со него разговаравме. Ставот на ВМРО–ДПМНЕ е јасен и неколку пати досега повторен и за ситуацијата пред и по референдумот, а секој што смета да постапи спротивно на волјата на граѓаните јасно изразена на 30 септември ќе ја загуби довербата од македонските граѓани – вели Мицкоски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This