Цвеќињата нема да овенат ни во зима – има лесен трик од кујната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сакате вашите цвеќиња и растенија дома да ви бидат подолго свежи, искористете мал трик од кујната.

Во водата со која ги полевате ставете малку шеќер и сол.

Вака нема да венеат брзо и ќе стојат долго.

Инаку, омилената куќна билка на многумина е фикусот кој според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот.

Сепак, важно е и каде ќе биде поставена оваа билка во домот. Според древната кинеска техника, треба да биде на југоисток од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот.

Се смета дека штити од немаштија и носи пари.

Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата.

Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.

Совети за одгледување собни растенија – Фикус

Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на Сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.

За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело.

Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво.

Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите.

Во родот Фикус (Ficus) припаѓаат убави, многубројни и разновидни видови со декоративни карактеристики кои се одгледуваат и во домот. Во овој род припаѓаат околу 1.000 видови кои имаат потекло од тропските и суптропските предели на Земјата. Најпознатото растение од овој род е смоквата (Ficus carica).

Различни фамилии од родот Фикус се користат за најразлични цели. На пример, Hevea Brasilensis (млечка) е растение кое лачи млечен сок од кој со преработка се добива каучук. Други значајни видови се: Ficus lyrata (4 добро нахранети листа од овој вид можат да препокријат површина од 1 метар квадратен), Ficus benjamina (расте во вид на грмушка со свенати гранки), Ficus triangulata (вид кој има троделни дебело-кожести листови).

Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This