ЦЕЛИ ФАМИЛИИ ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР: Мајката советник, синот шеф за јавни набавки во Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синот на советничката во Советот на Општина Центар Билјана Чурилова од СДСМ, Георгиј Чурилов е нов раководител на секторот за јавни набавки во Општината. САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека градоначалникот Саша Богдановиќ и советничката Чурилова за ова велат дека во случајот нема конфликт на интереси.

Градоначалникот Саша Богдановиќ денеска го назначи Чурилов да ги води јавните набавки откако Советот го изгласа неговото преземање како вработен од ЈП „Паркинзи Општина Центар“. Синот на советничката досега работел како раководител на сектор општи, правни и човечки ресурси во општинското претпријатие.

Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека нема конфликт не интереси со вработување на синот на советничката во секторот за јавни набавки.

Истото го смета и советничката Чурилова само кусо ни изјави дека нема никаков конфликт на интересира што нејзиниот син е нов шеф на јавни набавки во Општината и не сакаше да даде дополнителен коментар.

Чурилова која беше советник и во минатиот состав, денеска се иззема од гласање по одлуката за преземање на нејзиниот син од општинското претпријатие за паркирање во Општина Центар како шеф на јавни набавки.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This