ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВЕТИ САВА: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го честиташе празнкот Свети Сава на српската етничка заедница во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани припадници на Српската заедница во Република Македонија, дозволете ми во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ве поздравам и да Ви го честитам големиот празник Свети Сава, стои во честитиката по повод празникот на српската етничка заедница во Република Македонија, Свети Сава од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-На 27-ми јануари српската заедница во Република Македонија го слави денот посветен на Свети Сава, српски светец и просветител, кој оставил траен белег во негувањето и ширењето на христијанска мисла на Балканот. Неговото дело и учење оставиле силни универзални вредности на балканските христијански народи, но и не обединуваат во заложбата за создавање подобра иднина. Ваквите празници се исклучително значајни во нашето заедничко почитување, како и почитувањето и зближувањето меѓу граѓаните. Од тие причини, но и од почит кон српскиот народ, веќе единаесетта година по ред го прославуваме овој празник откако по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и со поддршка на претставниците на српската заедница, установивме Србите во земјава да добијат свој официјален празник и датум за прослава, се вели во честитката и се додава:

„Поврзаноста помеѓу нашите народи не собирала на заеднички прослави во минатото и не собира на заеднички прослави и денес. Преку духот на празнувањето отсекогаш се гледала блискоста помеѓу народите. Меѓусебната доверба соработка и разбирање секогаш се темелеле врз почитување и врз негување на традициите на сите граѓани во Република Македонија. Чествувањето на денешниот празник е порака за заедништво, почит и силна меѓусебна соработка. Уверен сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме за напредок во секое поле од интерес на нашите народи и со силна волја ќе градиме подобра и просперитетна Република Македонија“.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This