„Не сум Вмровец и не сум предавник“ била причината зошто Јове П. (67) бил брутално претепан од страна на лица од СДСМ. Како што дознаваме додека вчера седел во кафеаната Гурман со пријател, едно од лицата кои седеле на масата зад него му дофрлило „Ти да не си Вмровец?“, по што Јове го дал горенаведениот одговор.
Јове потоа излегол од гостилницата со намера да си оди дома, но лицата кои седеле на масата зад нив тргнале по него. По нив излегол и сопственикот на гостилницата. Лицата го нападнале Јове, а во моментот сопственикот на гостилницата заедно со третото лице кое било со напаѓачите се обиделе да ги оттргнат насилниците од него. Тогаш нападнатиот почнал да трча со цел да избега, но насилниците повторно го фатиле и продолжиле да го удираат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што избегале.
Насилното однесување на лицата од СДСМ резултирал со тешки повреди за Јове. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентниот центар каде од страна на лекарите му биле констатирани скршеници на нос, рака и ребра.
Според првичните сознанија, напаѓачите по кои трага МВР, се лица на возраст од околу 20 и 40 години.