ШИЛЕГОВ АСФАЛТИРА ЗА ДА ГО МОТИВИРА САРАЈ ЗА ВТОР КРУГ: Општина Сарај реагира на самоволното асфалтирање на Шилегов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од општина Сарај информираат дека општинските служби, поточно општинскиот инспекторат, забележал дека на локалниот пат Свиларе-Рашче кој се наоѓа на територија на нивната опшина се изведуваат работни активности, кои се преземени без никаква правна основа и без да се информира општината Сарај, иако овој пат се наоѓа во оваа општина и е под нејзина надлежност.

Според информациите на општината, овие активности ги презел градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пренесува порталот Медиал.мк.

-Целата активност е незаконска и за ова општината презема и ќе презема формални законски активности во насока на информирање на надлежните органи и институции во земјата што се занимаваат со овој случај, како што е Комисијата за спречување на корупција, Министерството за внатрешни работи и други институции, велат од општина Сарај.

Оттаму велат дека ова не е прв обид на првиот човек на Град Скопје да навлегува во надлежностите на оваа општина и дека самата општина ќе ги преземе сите законски активности во поглед на заштита на своите права.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This