Шилегов на средба со бизнис заедницата од Визбегово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот градоначалникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов вечерва во Визбегово одржа состанок со бизнис заедницата од Визбегово во присуство и на градоналачникот на Бутел, Велимир Смилевски.
Стопанствениците на Шилегов му ја предочија изградбата на клучката на булеварот Словенија, каде наскоро ќе започнат градежните работи и посочија дека со клучката и пробивањето на булеварот Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколницата во правец на Косово, ќе се овозможи посилен економски развој на овој дел од градот.
– Со изградбата и проширувањето на булеварот Никола Карев, како и со изградбата на мегапроектот кај Момин Поток, се отвораат големи можност за нови работни места и подобрување на локалната економија во Визбегово. Како градоначалник на Град Скопје потенцирав дека ќе продолжиме со вложувањата во инфраструктурата затоа што приоритетите на граѓаните и бизнис заедницата секогаш ни се на прво место, посочи Шилегов на состанокот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This