Поголемиот број зборови кои се изговараат во текот на сонот се негативни, па дури и прилично вулгарни, покажува француската студија објавена во списанието „Слип“
На интернет постои страница наречена „Слип“ на која луѓето објавуваат снимки од она што го зборуваат додека спијат.
Во речиси десет проценти од снимките има и пцовки. Сепак, еден збор отскокнува од сите, тоа е „Не“.
Научниците претпоставуваат дека зборувањето во сон се одвива во текот на РЕМ фазата на спиење кога се поголеми шансите за интензивни, емоционални сонови. Во тие соништа може да бидат и некои ситуации кои ги приморуваат луѓето да велат „Не“.
Она што е интересно во ова истражување е тоа што поголемиот дел од разговорите во сонот се граматички исправни, дури и кога речениците изобилуваат со мноштво пцовки.