ШТО ПОВЕЌЕ ПАРИ ДА ЗЕМАТ, ДРУГО НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА: Таравари во исто време е министер и советник за неврологија на самиот себеси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ денеска изјави дека е вистински скандал што функционери на Владата на СДСМ земаат плата и како носители на јавни функции и како советници.

-Мала им била платата како државни функционери па себе си се наместиле и како советници во министерството за здравство. Објавени документи во дел од медиумите, покажуваат дека високи функционери во министерството во исто време се и именувани функционери, за што земаат плата од министерството, но и советници самите на себе. Таков е случајот со државниот секретар во министерството за здравство кој воедно значи и како претседател на општинската организација на СДС во Штип Владимир Милошев е државен секретар но во исто време е и државен секретар во министерството, и советник на министерот од областа на максилофацијалната хирургија, истакна Рамчиловиќ.

Појасни дека според документите, министерот Таравари во исто време е министер и советник за неврологија на самиот себеси.

-Ова е скандал од големи размери, и покажува колкава е аздисаноста на врхушката на власта, повисоки хонорари и плати. Додека бебиња умираат, има постојани смртни случаи, се откажуваат или кочат стратешки проекти во министерството за здравство. Во исто време во министерството се испумпува пари плаќајќи хонорари за советници. Според информациите објавени во медиумите, останатите советници, во исто време се и советници и членуваат комисиии и управни одбори, каде исто така земаат големи хонорари. Ова е претеризам и раскалаженост. Се немало контрола и власта на СДС не знае за доста. Ова е голем скандал. Излевани се илјадници евра. Одговорност мора да има, нагласи Рамчиловиќ.

Побара реакција и одговорност за сите кои земале плата како функционери и советници.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This