Ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил, а одговорот засекогаш ѝ го променил животот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низ животот ќе искусиме неверојатни подеми, како што е денот на нашата венчавка, раѓањето на првото дете и многу други. Но, исто така мораме да се соочиме и со животни предизвици.

Ваквите неповолни искуства можат да нѝ помогнат во обликување на личноста додека секојдневно растеме и се развиваме во секој поглед.

Еве и една таква приказна: што сте вие – морков, јајце или кафе?

Млада жена отишла кај својата баба и ѝ кажала дека нејзиниот сопруг ја изневерил и дека е шокиpана и разочаpана од него. Таа не знаела како ќе успее да го преброди тоа, а дури сакала и да се откаже од својот живот. Ѝ признала дека е уморна од борба и ѝ се чинело дека секогаш се појавуваат нови проблеми во нејзиниот живот.

Бабата ја ислушала ваквата приказна и ја одвела во кујната. Потоа наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на оган. Во првото тенџере со зовриена вода, бабата ставила морков, во второто јајце, а во третото мелени зрна кафе. По 20 минути, таа ги тргнала од оган, го извадила морковот од вода и го ставила во сад.

Потоа, го извадила и јајцето и го ставила во друг сад, а на крајот го ставила кафето во една чаша. Притоа, ја прашала својата внука што гледа.

Жената рекла:

“Морков, јајце и кафе”.

Тогаш, бабата ѝ рекла да го земе јајцето и да го скрши. Жената ја скршила лушпата од јајцето и видела дека тоа е тврдо варено. Потоа, бабата ја замолила да го испие кафето.
Внуката се насмевнала додека го пиела.

“Што значи сето ова? Која е поентата?”, ја прашала таа.

Старата и мудра жена ѝ објаснила дека секоја од овие намирници морала да се соочи со истиот проблем (вриењето на водата), но секоја од нив реагирала на поинаков начин.

Морковот бил тврд и непропустлив, но по 20 минути во зовриената вода, тој омекнал и станал “многу слаб”. Јајцето било кревко – неговата тенка лушпа ја штитела течната внатрешност, но по 20 минути, тоа станало цврсто.

Сепак, мелените зрна кафе биле единствени: откако биле ставени во зовриена вода, тие значајно го промениле нејзиниот вкус.

По ваквото објаснување, старицата ја прашала својата внука:

“Што си ти? Кога на вратата ќе ти затропа некој проблем, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?”.

Размислете и вие за ова – дали сте морков кој наизглед делува цврсто, но со болката и неволjата “омекнувате” и ја губите силата? Или пак сте јајце – влегувате со полно срце, но се менувате со оглед на околностите? Или сте зрно кафе – кога работите се најлоши, вие станувате подобри и ја менувате околината околу себе? Дали кога предизвиците се најголеми, вие се качувате на едно друго ниво?

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This