ОВА СЕ НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТАТА КОИ ИДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОДВИЖНИ АПТЕКИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство ќе додели 10 нови лиценци за подвижни аптеки во 10 региони во Р. Македонија. Со овие аптеки ќе се опфатат 542 населени места или над 463.000 жители ќе можат за прв пат лековите да ги добијат во нивниот дом или во нивното населено место.

lekovi

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека најголем дел од жителите од овие населени места никогаш порано немале можност лековите да им бидат доставувани во нивното место на живеење или нивните домови.

Тој посочи дека досега имаше подвижни аптеки во 6 региони кои опфаќаа над 50.000 жители и 304 населени места.

Подвижните аптеки веќе од наредниот месец ќе започнат да функционираат во следните населени места:

-Велес, Чашка, Градско и Лозово  со кои што ќе бидат опфатени 86 населени места, а бенефит ќе имаат 70.000 жители

-Кривогаштани и Долнени во 44 населени места за 19.300 жител

-Крива Паланка, Ранковце и Кратово во 80 населени места, за над 34.000 жители.

-Берово, Пехчево и Делчево, Македонска Каменица и Виница во 54 населени места, за над 64 жители

-Карбинци , Зрновци, Чешиново, Облешево во 39 населени места со кој се опфатени 14.000 жители

-Арачиново, Илинден, Петровец  во 25 населени места, за над 36.000 жители

Демир Хисар и Крушево  вонад 57 населени места, за 18.500 жители

-Битола во 59 населени места, за 100.000 жители

-Ресен и Охрид во над 60 населени места, за 83.300 жители

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This