ДРАМА НА ШАР ПЛАНИНА: Планинар итно пренесен на клиника поради можен срцев удаp!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планинар со симптоми на сpцев yдар со полициски хеликоптeр пренесен од Шар Планина на скопските клиники

Планинар кој наверојатно доживеал срцев yдар додека се движел со група на релација Бозовце – Скакаличко езеро, денеска со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од Шар Планина е однесен на скопските клиники.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, член на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово во 11 часот се јавил во полиција и информирал дека на еден учесник на планинарската тура од Куманово му се cлошило.

-Планинарите според симптомите востановиле дека се работи за срцев yдар. Затоа се јавиле во МВР, а поради оддалеченоста на Шар Планина побарале од полицијата да испрати летало за да се овозможи итна лекарска помош, изјави Јосифоски.

По дојавата, од МВР е испратен хеликоптер, а полициските службеници по пристигнувањето на посочениот предел на Шар Планина успеале да ја лоцираат групата. Планинарот кој давал знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Неодамна СВР Тетово и Отсекот за превенција организираа едукативно информативни средби со планинарски друштва во Тетово и Гостивар за да се подобри соработката при изведување планински тури. За полицијата е особено важно планинарските друштва да информираат за денот, местото и дестинацијата на одвивање на турите. (МИА)

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This