Синот на Шабан тешkо бoлeн: Роберт нема пари за храна и лекови, татко му остави цело богатство, а него му помагаат соседите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роберт Шаулиќ е вонбрачен син на Шабан Шаулиќ кој јавноста можеше да го види на погребот на легендарниот пејач.

Тој има 47 години, а како што пренесуваат медиумите тој е во тешка здравствена, но и финансиска состојба.

Според зборовите на бубњарот на Шаулиќ, Саша Иметовиќ Бате, Роберт живее во Зрењанин заедно со уште една повозрасна жена која го одгледала.

Наводно таа жена е сосетката Радованка која го земала Роберт од улица кога имал 10 месеци. Тој денес има 47 години и тешко е болен.

Радованка изјавила дека Шабан го посетувал Роберт и дека му давал пари. Исто така таа потенцирала дека Шабан се јавувал за да праша дали им треба нешто.

Според пишувањата на медиумите, Роберт е тешко болен. Тој речиси нема ни пари, а соседите тврдат дека нема доволно пари да купи потребните лекови и храна.

Тие тврдат дека токму поради неговата доброта собираат пари за да му помогнат да има подобар живот.

Тие наведуваат дека тој често ги чува и повозрасните луѓе кои му даваат пари за да преживеат.

„Тој е човек. Не слушнав ниту еден лош збор за него. Знам дека имаше една љубов, но дека раскина“, вели сосед на Роберт.

За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This