НОВА МИГPAHТСКА KPИЗA: За една недела во Грција пристигнале 2377 бeгaлци и мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во периодот од 26 август до 1 септември, на островите во Егејското Море пристигнале 2377 бeгaлци и mигpанти, бројка што е повисока во споредба со една седмица претходно, но и речиси четирипати поголема споредена со истиот период лани, покажуваат податоците од УНХЦР- Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

Според неделниот преглед на ситуацијата на островите во Егејското Море, просечните дневни пристигнувања се 340, а од 2377-те лица, мнозинството (1643) пристигнале на Лезбос. Една седмица претходно, пристигнувањата достигнале до 1768, а во истиот период, од 26 август до 1 септември 2018, само 670 бeгaлци и mигpанти од турското крајбрежје стигнале на островите во Грција.

-Околу 25250 бeгaлци и mигpанти престојуваат на островите во Егејското Море. Поголемиот дел се од Авганистан (43 отсто), Сирија (12 отсто) и Демократска Република Конго (10 отсто). Жени се 22 проценти од популацијата, а деца 36 отсто, од кои речиси шест од 10 се помали од 12 години. Околу 18 проценти од децата се без придружба или одвоени, главно од Авганистан. Околу 37 отсто се мажи од 18 до 39 години, пишува во неделниот извештај од УНХЦР-Грција.

Според истите податоци, на Лезбос има 11765 бeгaлци и mигpaнти, на Самос 4517, на Кос 3525, на Хиос 2844, на Лерос 2052 лица.

Од почетокот на годинава, зakлучно со 1 септември во Грција пристигнале 33999 бeгaлци и mигpанти, од кои 26078 по морски пат.

МИА

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This