- Advertisement -
Папараците ја фатија Мараја Кери како купува марихуана за време на својот зимски одмор во Аспен, Колорадо.
Тоа се случило само една недела пред нејзиното фијаско за Нова година, кога 47-годишната поп ѕвезда не успеа да испее речиси ништо на Тајмс Сквер во Њујорк.
Пејачката се обиде ова фијаско да го објасни со дефект или технички проблем со слушалките, но медиумите пишуваат дека Мараја конзумирала марихуана пред новогодишното шоу и тоа е во основа причина за нејзиниот гаф.