КАПЧИЊА, ШАЛЧИЊА И ЏЕМПЕРЧИЊА ОД УТРЕ: Подгответе се за cтyдeн бран и дpacтична промена на времето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Студената маса која ја зафати Европа значително се почувствува и кај нас и тоа по големиот пад на температурите на воздухот во текот на денешниот ден.

Голема разлика има во температурите на воздухот за разлика од вчерашниот и денешниот ден кога истите се пониски дури и за повеќе од десет степени понекаде. До крајот на денов ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

Поинтензивни врнежи ќе има во источните и во јужните предели од државава каде локално е очекува да наврне позначително количество на воден талог. Мали се шансите но сепак не се исклучуваат за на највисоките планински врвови да провее сосема слаб снег.

Максималната температура денес ќе се искачи во интервалот само од 10 до 19 степени. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој на север и Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

За време на викендот кој ни претстои ќе имаме променливо облачно и релативно свежо време а наутро и студено, ќе има и сончеви периоди кој доста подолги ќе бидат во недела. Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени па доколку излегувате понесете топла облека.

Исто така утре локално поради позначителната облачност не се исклучува можноста и за слаб локален дожд претежно во попладневните часоови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени утре и од 18 до 25 во недела.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This