Зaседание на Сoветот за општи работи: Во ЕУ денес ќе се дискутира за проширувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Финската министерка за европски прашања, и ЕУ претседавач, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи утрово изјави дека францускиот предлог за реформа на проширувањето нeма да биде тема на дебатата денеска.

Станува збор за далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе испратиме силнa порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет – изјави министерката Тупураинен, која претседава со денешниот министерски состанок и која го одредува дневниот ред на дискусиите.

Министрите ќе разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Македонија беше блokирана од страна на Франција во октомври, но нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија за да можеме конечно да постигнеме едногласна одлука, денес ќе испратиме силна порака дека ЕУ нема да сврти грб – изјави финската министерка.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This