ЈА ПРЕТЕПАЛ СО ТУПАНИЦИ И СТАП: 64 годишен маж нападнал девојче поради скршено огледало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинение за напад заработи шеесет и четиригодишен маж, кој со тупаници и стап нападнал девојче, потстанарка кај него, оти скршила огледало. Обвинител побарал продолжување на притворот поради опасност од бегство.

Од Јавното обвинителство соопштија дека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство. На 23 јануари, обвинетиот 64-годишник извршил грубо насилство врз дете на возраст од 14 години.

Девочето со нејзиното семејство биле потстанари во куќа во сопственост на осомничениот. На критичниот ден девојчето скршило огледало во куќата, па сопственикот започнал да ја удира со тупаници и со дрвен стап по главата и телото и да ја влече за косата. Во еден момент зел парче од скршеното огледало и ја исекол на задната страна на вратот. Потоа зел вилушка и ја ставил под вратот, во исто време тегнејќи ја за косата. Од извршеното насилство оштетеното дете се здобило со телесни повреди – гребаници, набиеници и отоци, појаснуваат од ЈО.

За време на настанот во куќата била и сопругата на братот на оштетената со нејзините две деца на возраст од три месеци и една ипол година, која не успеала да му помогне на девојчето и кај која обвинетиот со своето однесување предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This