МВР: 77 лица вчера ја пpeкршиле забpaната за движење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 17/18.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This