Експертите појаснуваат, Владата не може да одреди датум на избори со уредба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со Уредба не може да се одреди датум за избори. Во Уставот, поточно во членот 67, став 4 јасно е утрдено дека само претседателот на Собранието може да ги распише изборите.

Ваков е ставот на експертите што ти консултираше „Република“ откако вчера Владата го задолжи МВР да достави до ДИК листа на државјани кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите.

ДИК пак според Уредбата на Владата треба да ги впише овие лица во Избирачкиот список. За познавачите ова јасно покажува дека Владата свесно турка избори по секоја цена кршејќи го Уставот.

Тие нагласуваат дека со уредбата за дополнување на Уредбата за изборите се ускратува правото на увид во избирачкиот список и правото на кандидатура.

Јасно е дека Уредбата со законска сила има важност и применливост само додека трае вонредна состојба и кога завршува вонредната состојба уредбите немаат никаква важност во правниот промет.

Организирање на избори после крај на вонредна состојба е уставно возможно само според Изборен законик. Што се однесува до уредбата, во изборниот законик е предвидена посебна методологија за прочистување на избирачкиот список и тој не може да се дерогира со владина уредба.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This