ОСТРА ОСУДА ОД ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ во денешното пишано соопштение најостро го осудува обидот за убиство на Никола Тодоров.

– ВМРО-ДПМНЕ подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити. Сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот, се наведува во соопштението.

На првиот ден од доаѓањето на власт, како што посочуваат од партијата, сведоци сме на подмолен и вооружен напад врз Тодоров, кој благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот.

– СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

МВР, како што посочуваат, се уште молчи и за поставените бомби во семејната куќа на пратеникот Антонио Милошоски.

– Срамното, насилничко и деструктивно однесување на СДС мора да запре. Одговорноста не е само кај вооружениот насилник или кај оние кои ја подметнаа бомбата. Одговорност имаат и оние кои подолг период наназад ги поттикнуваа на вакви кукавички чинови, се додава во соопштението.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This