Таравари: Досега се набавени нула вакцини, сѐ што пристигна е донација, полоши сме од афиканските земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сегашната бројка на вакцинирани е срамна, во меѓувреме имаме трет бран, хаос тотален ни се случува. Комисијата за заразни болести ги копира мерките од Србија, ако воведат полициски час, тогаш и кај нас ќе има. Секој месец слушаме дека ќе имаме вакцини, крај на јануари, почеток на февруари, па крај, па крај на март и сега почеток на април, но вакцини нема, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за „Што не е јасно“ на Алфа.

Таравари истакна дека државата досега набави нула вакцини, а се што пристигна беше поклон, за кој се цела влада се сликаше како којзнае што да направиле, а во меѓувреме делуваат како раштиман оркестар и сите кажуваат различни бројки за вакцини кои врска немаат.

– Руските вакцини ни ги дадоа како поклон, а до пред месец дена не им текнуваше да набават други вакцини. Очекуваа од Ковакс, министерот за здравство кажува бројка која нема врска од 800.000, Груби ако слушнете ќе ви каже 2 милиони, а некој му јавил да му донесе 5 милиони, а премиерот 1,4 милиони. Раштиман оркестар, сериозен човек не може да ги разбере. Ковакс за Македонија има предвидено 103.200 а овие спомнуваат милиони, потенцира Таравари.

Тој додаде дека бројките укажуваат дека сме шампиони во регионот, по процент на позитивни од вкупниот број на тестирани, но и на починати, воедно и по релевантни светски часописи ние во Македонија по број на вакцинирани на милион жители сме на 170 место, полоша од афричките држави кои се перцепираат за најсиромашни и најуназадени.

– Ако споредите во соседството во Србија има веќе два милиони вакцинирани, во Албанија над 50-60.000, да не зборуваме за Грција Бугарија, Хрватска, Словенија и Босна има вакцини. Само Косово има избори и влада и е слична на нас, нагласи Таравари.

Тој вели дека владата не смее да се потпира само на Фајзер, туку треба да набави и од повеќе производители како Џонсон и Џонсон, Спутник, кинески, а луѓето сами да си решат со која ќе се вакцинираат.

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This