Путин следниот месец доаѓа во Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот амбасадор во Москва Мирослав Лазански изјави дека во Србија се надеваат дека рускиот претседател Владимир Путин ќе дојде во Србија во мај затоа што тоа ќе биде свечено отворање на Храмот Свети Сава.

„Ќе биде најголемата православна црква на Балканот, а можеби и на светот, и е изградена со помош на Русија и Руската православна црква (РПЦ)“, рече Лазански во интервју за РИА Новости.
Тој додаде дека „очекуваме претседателот Путин, заедно со претседателот Вучиќ, свечено да го отвори храмот и се надеваме дека на таа церемонија ќе дојде и патријархот Кирил“.

На прашањето дали со руската страна веќе се разговара за настанот и посетата на претседателот на Русија, Лазански одговори:

„Со сигурност знам дека претседателот Вучиќ во последната година двапати рече дека очекува претседателот Путин да дојде на отворањето на храмот во мај.

Според него, отворањето на Храмот Свети Сава нема да биде пред 9 мај.

„Веројатно на средина или на крајот на мај“, прецизира амбасадорот.

Внатрешната декорација на централната купола на Храмот започна во мај 2017 година, а работите ги посети рускиот претседател Владимир Путин во јануари 2019 година, бидејќи значителен дел од средствата за изработка и инсталирање на мозаиците беа обезбедени од руската држава и „Гаспромњефт“ .

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This