Блаже Маротов промовира преработка на „Дејгиди луди млади години“ (видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатиот музичар, инструменталист и автор Благој – Блаж Маротов денеска на најголемиот христијански празник Велигден ја промовира обработката на песната „Дејгиди луди млади години“.

– Песната е дел од албумот “Класика М”, снимена во студио БиМ. Гости на проектот се моите ценети пријатели и другари, Милан Завков – мојот кум, Илија Филиповски – кум на мојот син, Александар Тренкоски, Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова, изјави Маротов.
Продукцијата на видео записот е на „Валови”, а во него учествуваат и дечињата Габриел, Лео, Луна.

Маротов вели дека при изборот на песни во циклусот „Класика М“ повеќе се држел до убавите македонски песни, кои му се при срце.

– И “Дејгиди…” е една од тие. Многу сум среќен за оваа обработка, при снимањето на видеото, а и воопшто, имавме многу убава енергија, која се чувствува и во самиот видео запис. Уште посреќен сум што претставувањето на оваа песна и спот се совпаѓа со големиот македонски празник Велигден, а официјалната промоција беше денеска на Македонската телевизија, додава Маротов.

Тој изразува посебна благодарност до уредништвото во МТВ, како и до сите други медиуми за целокупната поддршка, воедно најавувајќиу и нови преработки.

– Поздрав и до сите пријатели низ светот, бидејки, свои ЛУДИ МЛАДИ, но и сегашни и идни мигови, и години, од својот живот, имаме сите, и се надевам дека секој, преку мојата изведба на песната, ќе се присети повеќе на себе, на своето минато, сегашност и иднина, ве сака ваш Блаж Маратов, порача музичарот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This