Доживотен затвop за Младиќ: Хашкиот трибyнал ја потврди првoстепената пpecуда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хашкиот трибунал ја потврди казната на Ратко Младиќ на доживотен затвор. Жалбениот совет на механизмот за кривични судови во Хаг во второстепена ја потврди првостепената казна доживотен затвор против поранешниот командант на Армијата на Република Српска.

Таа пресуда беше донесена во 2017 година во Хашкиот трибунал, чиј наследник е Механизмот, и обвинителството и одбраната поднесоа жалба против истата.

Жалбениот совет ги отфрли сите жалби на одбраната на Ратко Младиќ. Меѓу одбиените се и жалбите на делови од пресудата кои зборуваат за геноцид во Сребреница, здружување за злосторниќко дејствување, поплаки во врска со други дела во Сребреница, „тероризирање“ на Сараево и земање членови на ООН за заложници.

Младиќ беше осуден со образложение дека „тој значително придонел за извршување на геноцидот во Сребреница и други воени злосторства извршени на територијата на Босна и Херцеговина“.

Тој беше осуден под 10 од вкупно 11 точки во обвинението, а Апелацискиот совет ја одби жалбата на Обвинителството за ослободување на обвинението за Младиќ за точката едно од обвинението, кое го обвини за геноцид во шест општини во БиХ: Фоча, Кjуч, Котор-Варош, Приједор, Сански Мост и Власеници.

Изрекувањето на пресудата можете да го проследите ТУКА

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This