Мицкоски со порака: Среќен роденден на партијата која му припаѓа на народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Среќен роденден на партијата која му припаѓа на народот, која во себе како темел ги има идејата и заветта кон Македонија. Партијата која ја љуби слободата и човечките правдини, затоа што и овие 31 година како партија, но и цели 128 години како народно движење во својот ген го носиме кодот на В.М.Р.О, а тој иако некогаш носел и проклетство, и казна, секогаш многу повеќе бил прашање на достоинство и трајна вредност на едно свето чувство кое не детерминира во она што сме и ќе продолжиме да бидеме- Македонци.

Со оваа порака вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор во Античкиот амфитеатар во Охрид, каде ВМРО-ДПМНЕ го одбележува 31. роденден.

Додека присутните го скандираа неговото име и името на партијата со која раководи, тој упати честитки до членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, до Унијата на жени, Унијата на млади сили, Унијата на Ветерани, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, до сегашните и претходните пратеници, до членовите на Централниот Комитет, до коалиционите партнери… до секој еден член, симпатизер и поддржувач кој во овие 31 година одделил дел од своето време за да придонесе за ВМРО-ДПМНЕ и да придонесе за Македонија.

-Од срце ви благодарам! – рече Мицкоски.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This