Скопје испрати три возила на Пpoтивпожарната бригада на помош во Пехчево и Делчево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три екипи пожарникари со 3 возила на Противпожарната бригада на Град Скопје, придружувани со 3 цистерни со вода од јавните градски претпријатија, се упатија кон Пехчево и Делчево да помогнат во гаснењето на пожарите; соопшти градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во регионот беа испратени и хеликоптери, но поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил.

Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај.
Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно.

Забраната ќе важи се додека се стабилизира состојбата со пожарите

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This