ЗА МАЛКУ ИЗБЕГНАТ СУДИР НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО: Поради грешки во навигацијата за малку ќе се судреле два авиони!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За малку избегнат судир над македонското небо, јавува ТВ Нова.

Според телевизијата, на 12 август се случил инцидент кој, можел да ја загрози безбедноста во авиосообраќајот. Извори од македонската навигација за нив велат дека два авиони се разминале на многу блиско растојание, инцидентот не бил пријавен од надлежен контролор и поминал без казни за вработените во Македонската навигација.

Станува збор за авион на компанијата Рајанер кој сообраќал на релацијата Братислава – Атина и авион на нискобуџетната Изиџет кој прелетувал над македонското небо одејќи на релација Кос – Милано.

Како што дознава ТВ Нова, 3 дена подоцна, на 15 август, новото раководство во македонската навигација го повикало контролорот да се изготви извештај со кој би ја информирале агенцијата за воздухопловство.

-Побаравме став од оваа агенција. Оттаму велат дека нема простор за паника. Ни потврдија дека имало доближување на двата авиони, но не на оддалеченост која би можела да предизвика несреќа. Настанот бил евидентиран и пријавен од надлежниот контролор. За случајот, побаравме објаснување и од македонската навигација, но до завршувањето на прилогот не добивме одговор, јавува ТВ Нова.

Пред неколку дена, од ВМРО-ДПМНЕ обелоденија уште случај за незаконски разрешувања и во воздухопловната навигација М НАВ. Новите извршни директори на навигација и техника, Николче Тасески и Климент Чепуњоски се нелегитимни директори, а со тоа и сите нивни досегашни одлуки се незаконски, сметаат од партијата.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This