На 06.11.2021 околу 04.00 часот на автопатот А4 Миладиновци-Штип, кај наплатна рампа во изградба, Б.С.(39) од Пробиштип, управувајќи патничко возило „опел зафира”, со пробиштипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., додека со телесни повреди се здобиле сопатниците С.Ј.(39) и К.Р.(21), двајцата од Пробиштип, констатирани во Клиничката болница Штип. По овластување на Јавен обвинител увид извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.