- Advertisement -
На 51 година почина Горан Стојмировски- Жути, позната личност во македонскиот мото свет.
Со голема тага и неверување ја примивме веста за смртта на еден од легендите на македонскиот мото свет, Горан Стојмировски – Жути. Искрено сочувство до семејството, клубот и пријателите, нека почива во мир, објавено е на страната motori.com.mk.
Голем број на негови пријатели попладнево со неверување се простуваат од Стојмировски. Не се познати причините за смртта на Стојмировски.