Се преврте автобус со одбојкарки во Србија, четири девојчиња и тренерот префрлени во болница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Автобус со одбојкарки од Пожаревац, Србија, денеска се преврте на патот Пеќинци – Буџановци. Жителите на селото веднаш притрчале во помош и ги извлекле младите девојчиња и ги одвеле во блискиот хотел за да се стабилизираат. Станува збор за девојки на возраст од 15 до 17 години кои патувале кон Лозница на натпревар.

„Блиц“ известува дека четири девојчиња кои се пожалиле на болки се пренесени во Детската болница Тиршова во Белград. За среќа, нивните повреди не се сериозни, а тие најмногу се жалат на болки во ребрата, рацете и нозете.

Повреден е и тренерот на пожаревачкиот тим Млади Радник, кој со расекотини на главата е префрлен во Земунската болница.

Автобусот се превртел на покривот откако се излизгал во ендек од патот завеан со снег.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This