Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција одговарајќи на прашањата нагласи дека ќе бидат искористени сите демократски на коишто им стојат на располагање.
Ако мислите дека ќе преземеме некакви радикални чекори, ако е тоа суштината на вашето прашање еве немојте да се грижите, нема да бидат радикални чекорите бидејќи не сакаме да ја продолжиме агонијата на граѓаните, не сакаме да ја продолжиме aгонијата на Македонија и не сакаме да ја продолжиме политичката кариера на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и останатите, туку сакаме да ги убедиме и нив дека ова што го направија е погрeшно и дека единствен разумен чекор на сите политички партии во Македонија е да оставиме граѓаните да одлучат дали блeскаме како што они велат или ќе ги блесне гласот на народот, рече тој
Мицкоски додаде дека на народот му е доста од kpизи, доста му е на овој народ од политиканство, му требаат реформи, му треба работа, а тоа е она што опозицијата го нуди.