Bнимaвajтe: 3гoлeмeнa пojaвaтa нa тpyeњe кyчињa вo дeлчeвcкo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зголемена појавата на труење на кучиња во делчевско. Како што потврди ветеринарниот лекар, д-р Николчо Стојменовски кој со оваа појава често се среќава во неговата работа, појавата особено е забалежлива во последните неколку недели. Во најголем дел од случаите, како што додава, се работи за труење на домашни миленици, иако е забележливо и труење на кучиња скитници.

-Во последниот случај, во два обиди досега, успеавме да го спасиме домашниот миленик. За жал третиот обид беше кобен, не можевме ништо да направиме. Ваквите случаи и интервенциите кои ги правиме се чести и во најголем дел од случаите, животните завршуваат трагично, вели Стојменовски.

За семејството Мингарови, кои се сопственици на едно од отруените кучиња, загубата е голема, бидејки нивниот миленик иако бил кастриран и чипиран, досега немал нападнато никого.

-Кучето не беше скитник, ја чувавме врзана Шила и еднаш дневно ја шетавме. Досега ни се отруени пет кучиња. Живееме на село и сме од турска националност, не знаеме дали тоа е причината што ни се прави ова, но навистина е жално ова што се случува. Додека загари шетаат слободно низ селото, нашата Шила повеќе ја нема, велат Мингарови. Ветеринарите се децидни дека ваквите постапки никому не му одат од полза и апелираа на воздржаност од неодговорни постапки, кои се казниви со закон.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This