BOJCKA БЕЗ BOJHИЦИ: За прв пат помалку луѓе се пријавиле за професионални вojници од потребното на конкурс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој повеќе не сака да работи во Армијата како професионален војник, или поточно кажано, за прв пат во историјата од постоењето на АРМ за професионални војници се пријавиле помал број заинтересирани од отворениот конкурс


Од отворени 125 позиции за вработување на професионални војници, на овомесечниот конкурс се пријавиле 124 заинтересирани, од кои 9 веднаш биле елиминирани од избор поради неисполнување на општите услови.

Од 115 пријавени, до последниот филтер веројатно ќе останат помалку од 85 професионалци во Армијата, со што директно се наштетува врз борбената готовност на АРМ.

Професорот по безбедност, Александар Нацев смета дека ова е резултат на лошите политики кои ги води МО и министерката Радмила Шекеринска.

ВОЈСКА БЕЗ ВОЈНИЦИ!!!

Деструктивната политика на Шеќеринска резултираше со газење на угледот на Армијата, понижување на воениот персонал и губење на атрактивноста на една од најпосакуваните професии во минатото. На последниот конкурс за професионални војници од потребни 125 кандидати за прв пат се пријавиле помал број од потребните кандидати. Нема поголем показател од лошата политика која се води во Министерството за одбрана од ваквата ситуација. Имено, на конкурсот се пријавиле 124 кандидати, од кои 9 биле веднаш елиминирани заради тоа што не ги исполнувале општите услови (години, непотполна документација и сл.), што значи дека останале 115 кандидати за 125 работни места. Со цел оваа бројка да не доживее нов пад, намерно се спуштани критериумите за физичките проверки за кандидатите, за да може поголем број кандидати да ги поминат проверките за физичка подготвеност. Но, по завршувањето на следната инстанца проверки, односно здравствените проверки, бројката на способни кандидати дополнително се намалува, и изнесува некаде помеѓу 85 до 90 кандидати, што значи дека нема да се изврши пополнување на единиците според предвидената динамика, што пак од своја страна значи директно намалување на борбената готовност на Армијата на Република Македонија.
Ова е вистината за состојбите во Армијата, а не лажните прес конференции и замајувања на јавноста со непостоечки мерки и пред изборни калкулации!!!

Да живее Армијата на Република Македонија!!!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This