Cлeднитe дeнoви бeз cтpyјa и вoдa дeлoви oд нeкoлкy oпштини вo Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:

на ден 02.12.2020 година (среда),

од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Тетовска бр. 38. (Општина Центар)

од 09:00 до 15:00 часот, ул. Пролет 8  и ул. Мирче Ацев  згради со бр. 1, 3, 5 и 7. (Општина Центар)

од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од  ул. Тодор Чангов, поточно крак бр. 20, (Општина Аеродром)

на ден 03.12.2020 година ( четврток ),

од 08:00 до 09:00 часот, корисниците од ул. Гоце Стојчевски зграда бр. 5 и Ул. Лазо Москов зграда бр. 2.  (Општина Бутел)

од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од бул. Босна и Херцеговина во близина на Железничка Станица Север.  (Општина Бутел)

од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул. Румена Хаџипанзова. (Општина Кисела Вода)

од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Волково, (во близина на спортското игралиште). (Општина  Ѓорче Петров)

од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од  ул. Иван Козаров од бр.2 до 22 и од бр.33 до 51. (Општина Кисела Вода) од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Михаил Чаков бр. 3. (Општина Кисела Вода)

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре,  02.12.2020 година без вода ќе останат:

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од  ф-80мм на ул. Роза Луксембург 21, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе  имаат корисниците од ул. Роза Луксембург како и делови од улиците: Петар Поп Арсов,  9-ти Мај,  Христо Смирненски, од Митрополит Теодосиј Гологанов,  Костурски Херои,  Борка Талевски и Диме Аницин. (Општина Центар)

Поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од  ф-100 мм на ул. 1632 бр. 32 (кај Кванташки пазар),  од 09:00 часот до завршување со активностите  прекинато водоснабдување  ќе имаат корисниците од истата улица. (Општина Гази Баба)

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This