Во текот на вчерашниот ден, 45-годишна гостиварчанка била нападната во својот стан од страна на сопругот, кој некое време подоцна сам се пријавил во полициска станица.
Вчера (14 март) во 13 часот и 20 минути, 45-годишна гостиварчанка во СВР Тетово пријавила дека околу 12 часот во нивниот стан во Гостивар физички била нападната од 38-годишниот сопруг Б.Б, кој нешто подоцна сам се пријавил во Полициската станица Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Се расчистува и документира случајот.