На 24.02.2021 во 16:05 часот во СВР Куманово било пријавено на крстосница од ул. „1″ и ул. „6″ во населба „Бабин дол” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(23) од Куманово и мопед „кимко”, со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.П.(19) од с.Биљановце, кумановско.
Во незгодата, П.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.